Некатегоризирани

(ФОТО) Адријан Битрак, охриѓанецот кој се среќава со Том Круз, Каролина Кенеди, Сталоне…

„И на крајот од светот да сум за Богојавление – Водици сакам да сум во Охрид“, раскажува Адријан Битрак, охриѓанецот кој 10 години живее и работи во Токио – Јапонија. Адријан си стои на заветот и зборот, патува илјадници километри, само да се искапи во осветеното Езеро и да заплива по светиот крст. Тој се чуди како има охриѓани кои чинот на осветувањето го гледаат на телевизија. Тој вели „Доаѓам специјално за да се искапам, ова е гордост и богатство“.

Охриѓанецот Битрак работи во „Американски елитен клуб“ во Токио, како фитнес тренер и инструктор по пливање. Во овој елитен клуб, месечнната чланарина изнесува над 300 евра, а го посетуваат и многу познати личности, со кои Адријан се среќава, а со дел и се спријателил.

Токму на неговото работно место започнува пријателство со Каролина Кенеди, која како што раскажува е редовен гостин во „Токио Американ“ клубот.

– Малку е резервирана, секогаш доаѓа со обезбедување, тешко е да се дојде до неа. Но, јас имав можност да се спријателам со неа. Во многу наши разговори, имав можност да и го претставам Охрид. Со луѓето кои ги смата за пријатели е многу комуникативна, сака да разговара. Во 2016 кога за Водици бев во Охрид и купив резба, рачна изработка. Кога и ја поклонав многу се изнанади. Тогаш многу прашуваше за Охрид и кажа и она што и го кажав за неа беше многу привлечно. Таа веќе размислува да го посети Охрид и Македонија. Читала за Охридското езеро, за неговата специфичност, ми откри дека има желба да плива во Охридско езро, раскажува Битрак за „Скопје 1“.

Покрај со Кенеди, Адријан има низа фотографии со ВИП личности, глумци, режисери, спортисти…

„Претходните години бев присутен на многу промоции за филмови. Имав прилика да сретнам многу глумци, режисери… Со тоа ми се оствари мојот сон да ги сретнам тие познати личности и да разговарам со нив. Тоа е огромно искуство за мене. Со Том Круз, сум разговрал многу пати, тој е многу позитивен човек, пример за тоа како треба да се однесува една ѕвезда. За разлика од него, Леонардо Ди Каприо е многу резервиран, тешко комуникативен. Од останатите сум имал можност да се сретнам и разговарам со Камерон Дијаз, Арнолд Швајценегер, Силвестер Сталоне, Кристина Алгилера. Прв пат кога го видов Бред Пит се изненадив, очекував понизок човек, но пред мене застана многу позитивен, висок над 1,80 висок и многу пријатен господин“, раскажува Битрак.

Покрај со Бред Пит, неколку пати сум се сретнал и со Анџелина Џоли. Глумците и покрај тоа што во живо се поинакви, претежно ми оставаат позитивен впечаток, раскажува Битрак.

Охриѓанецот Битрак раскажува и за неговара соработка со Мирко Филиповиќ – Кро Коп.

„Се започна со случајна средба со менаџерот од Мирко. Не знаејки дека е менаџер, долго тренираше кај што работам, ме запозна и приватно и службено. А јас многу покасно разбрав дека тој е главен организатор на најзначаен настан и менеџер на Мирко. Подоцна бев предложен од јапонска страна да бидам одговорен и да им помагам за време на борбите. Така започна моето пријателство со нив. Од тогаш последниве три години секое доаѓање јас сум со него, раскажува Битрак.

Инаку македонецот Адријан го има обезбедувано најскапиот дијамант во светот, а работи и за „Тифани“. На презентациите на дијаманти во Токио, секогаш треба да поминете покрај Битрак, за да ги видите дијамантите.

„Сум го обезбедувал и најскапиот дијамант. Работев и за „Ролс Ројс“, еве годинава имаа нова колекција бев ангажиран. Исто така работев и за „Сони“, а имам и одлична соработка со Австралиска амбасада во Токио“, вели Адријан.

Тој додава „За годинава веќе се знаат моите ангажмани. Ги поминав интервјуата за олимпијадата. Имам добри препораки, се надевам ќе бидам ангажиран, секако тоа би било одлично искуство за мене, а ги поминав и интевјуата за обезбедување на Бил Гејтс. Така да оваа година ќе ми донеси нови дружби и пријателства“.

Скромен и ненаметлив, Адријан вели дека вели раскажува како постигнал услех во странска и далечна земја, со различна култура.

„Оној кој е поштен и работи, секогаш и секаде ќе успесее. Овие луѓе знаат да ценат лојалност и работливсот, и добра ја плаќаат. Кај што јас работам обично сме 50 % странци, 50 јапонци. Во клубот вработени се на 300 луѓе од 50 националности различни , а гости има многу во кои се амбасадори од различни земји, глумци, ВИП личности кои може да си го дозволат лукзузот на клубот.

А приватно, Адријан има сопруга јапонка. Од минатата година имаат ќеркичка Алиса, која наполни 9 месеци, и на која и зборуваат македонски, јапонски и англиски.

„Се надевам дека летово ќе додјдеме заедно. Инаку со Јапонија имаме слична клима, и ми одговара местото на живеење, и имаат многу квалитетна кујна, но често знае да ме фати криза за ајвар, комад, охридска риба, мусака, сарми, подварок… сетоа тоа го надохнадувам кога ќе дојдам Охрид. Македонските рецепти не би ги заменал ни со најскапиот ресторан во Токио“, вели Битрак.

„Најмногу криза ме фаќа за погледот од терасата од мојата куќа. Кога во Токио им раскажувам за Охрид, им велам тоа е поглед од милион долари“, додава тој.

Сепак Битрак раскажува дека добро заработува, добро живее, среќен е , но и искрен.

„За живеење јас сепак би рекол не би го заменал Охрид со други места. Мене никогаш не ми беше план да останам. Така испадна. И не се знае, многу веројатно е да се вратам повторно во мојот роден Охрид, тука е душата, тука е се. Не се сложувам, ни јас не се оправдувам што сум заминал, убаво е човек да види. Никогаш не сум рекол фрлив камен на Охрид“, вели Битрак.

 

Инаку Адријан не запира. Постојано одржува кондиција. вежба постојано. За да ја работи работата во која е најдобар, мора да биде кондицино подготвен. Раскажува дека 5 години тренира јапонско карате.

„Од дете ги сакав јапонските филмови со кареате, и тој сон ми се оствари. Сум бил на семинари. Одиме на кампување по неколку денови со тренинзи утрински и вечерни. Но, тренинзите на изгрејзонце се доживување, букваално како на филмовите, во храмови . Ми беше желба и тренирам“, вели Битрак раскажувајќи за своите успеси.

Инаку Битрак топло ја препорачува Јапонија, како земја која мора секој да ја посети. Вели еве виза не треба, се добива на граница.

„Имаме македнската амбасада во Јапонија. Повелете ќе ве пречекаме и нагостиме во Јапонија, но, дома си е дома“, завршува македонецот Адријан Битрак.

новинар: Татјана Караџова Маленкова

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток