Магазин

Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, пронајде лек за рак – неговите изуми ги призна целиот свет

Српскиот научник Владимир Цмилјановиќ и неговата сестра Наташа пронајдоа лек за рак, пренесуваат деновиве спрските медиуми.

Србија ќе биде земјата која заедно со Швајцарија прва ќе го добие лекот. Откритието на Цмилјановиќ и на неговата сестра предизвика револуција во класичното лекување на заболените од рак затоа што лекот „бимиралисиб“, кој е прозвод на српскиот научник, се покажа ефикасен во борбата со одредени видови тумори како што е најагресивниот рак на дојка и ракот на лимфните жлезди. Освен тоа, супстанцијата која се наоѓа во лекот продира во мозокот, па постои надеж за третман и на одредени ракови на мозокот, додека типичната апликација во форма на крема или гел е ефикасна во брорбата со одредени тумори на кожата.

Поради ова откритие Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, а неговите изуми ги призна целиот свет. Лекот „бимиралисаб“ ги уништува болните клетки, а ги штити здравите, додека класичната хемотерапија, која е ужасно болна, ги уништува и канцерогените и здравите клетки и со соборува инмунитетот на и онака исцепните пациенти. Моментално лекот е во втора фаза од испитувањето, а предвидени се три фази.

Покрај тоа, Цмилјановиќ руши и еден стереотип врзан за лечењето луѓе болни од рак, а тоа е дека во терапијата на болните од рак се вклучува посебна диета за да се убиваат канцерогените клетки, меѓутоа Цмилјановиќ на своите пациенти им советува да јадат здрава храна – од овошје до зеленчук и месо.

Според него, овој лек го користеле негови пациенти ширум светот, но и луѓе од БиХ и од Србија.

Србија сигурно ќе биде првата земја заедно со Швајцарија која ќе ги добие сите наши изуми и лекови. Моментално интензивно работиме со нашата влада, претседателот, премиерката и министрите за нашите исуми понатаму да се унапредуваат во Србија и да имаат корист нашите пациенти. Државата е мотивирана и заинтересирана да ни помогне и сигурен сум дека ќе најдеме добро решение“ изјави тој во интервју за српски Телеграф.

Цмилјановиќ вели дека не соработува со ниедна фармацевтска куќа, туку отворил своја компанија.

Извор: samozdravje.mk

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток