пон. Окт 14th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

Почина комичарот Рип Торн

Глумецот и комичар Рип Торн, ѕвездата од филмот „Луѓе во црно“, почина вчера на 88-годишна возраст. Тој во тие мигови бил во својот дом во Лејквил, Конектикат, САД, заедно со сопругата Ејми Рајт и своите ќерки Кејти Торн и Анџелика Пејџ, изјави неговиот гласноговорник.

Торн е познат по својот рапав глас, кој и ги направи неговите улоги така препознатливи. Во неговата 65-годишна кариера, можеби најголемиот успех му беше учеството во хумористичната серија на ХБО – „Шоуто на Лери Сандерс”. За неа доби шест номинации за наградата „Еми”, која 1996 година и ја освои.

Глумецот беше номиниран и за „Оскар” за најдобра споредна машка улога во филмот „Cross Creek“ од 1983 година.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close