Република

Експертска работилница за сајбер безбедност

Во рамки на соработката на СевернаМакедонијаи Обединетото Кралство на полето на сајбер безбедноста, денеска во Скопје се одржува еднодневна експертска работилница за  сајбер безбедност. Целта на оваа работилница е воспоставување на конкретни иницијативи за поддршка на процесот на градење на капацитети на полето на сајбер безбедноста, како и зајакнување на соработката меѓу двете земји.

Настанот г оотворија министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, како и aмбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија, Рејчел Галовеј.

За време на работилницата, делегацијата од Северна Македонија ги истакна стратешките цели и активностите кои се преземаат на национално ниво, во насока на зајакнување на капацитетите за сајбер безбедност. Делегацијата од Обединетото Кралство сподели најдобри практики, како и конкретни мерки за поддршка на Северна Македонија при имплементација на приоритетните активности од Акцискиот План за Сајбер безбедност 2018-2022 година.

Во контекст на тоа, министерот Манчевски истакна: „Република Северна Македонија активно работи на унапредување на капацитетите за сајбер безбедност на национално ниво. Сопоставување стратешка визија и практични активности за спроведување на дефинираните постапки, продолжуваме да го чекориме патот кон градењео творен, безбеден и заштитен сајбер-простор“.

Препознавајќи ја улогата на сите засегнати страни во сајбер просторот и вклучувајќи ги во процесот на спроведување на Стратегијата, Северна Македонија ги потенцира залагањатазатранспарентностпреку соработка соситесекториодопштеството. Нашатаволја и подготвеностзаградењекапацитетибешепоткрепенасосилнасоработкасомеѓународни партнери, приштона наше големо задоволство денес сме домаќини на оваа експертска работилница каде можеме да научиме најдобрите практики од експерти од Обединетото Кралство, кои несебично гисподелуваатнивнитеискуства и експертиза.

ФокусотнаНационалнатастратегија и Акцискипланзасајбер-безбедностзапериодот 2018 – 2022 година е наносењестратешкиодлуки, спроведувањеактивностинаоперативнониво, како и идентификација и заштитанакритичнаинформатичкаинфраструктура. Токму во овие две сфери, Обединетото Кралство се истакнува со искуство и знаење и се надевам дека денешниот ден ќе резултира со конкретни мерки за поддршка на Северна Македонија во овие области“, рече министерот Манчевски.

„Со овој настан се одбележува уште еден важен чекор во нашата билатерална соработка која постојано се зголемува, во област која е актуелна, комплексна и која постојано еволуира. Северна Македонија, заедно со нејзините соседи, е на прво место за евроатлантската безбедност, и во географска и во дигитална смисла. Со приближувањето на Северна Македонија кон членството во НАТО, важноста од зајакнувањето на оваа прва линија на одбрана станува сè позначајна со секој изминат ден и ќе продолжи да биде значајна во текот на многу идни години. Градењето ефективни сајбер-капацитети и способности е клучен дел од подготвеноста за влез во НАТО, а Обединетото Кралство ве поддржува во подготовките во оваа насока. Денес, експерти од редовите на Владата на Обединетото Кралство ќе работат со вас за да се споделат најдобрите практики и да се идентификуваат предизвиците, можностите и следните чекори во вашиот пат кон побезбеден сајбер-простор. Сајбер-безбедноста не е област која треба да функционира изолирано. Напротив, таа е дел од поголеми напори за заштита на владите и граѓаните од низа хибридни закани. Затоа, потребен е координиран, здружен приод „цела влада“ за ефективно справување со ваквите закани. Посветени сме да работиме заедно со вас за да се обезбеди побезбеден и позаштитен онлајн-простор низ целиот регион, низ Европскиот континент и ширум светот“, заклучи  амбасадорката Галовеј.

 

Најчитани

To Top
Close