Македонија

Ѓорчев: Македонија се соочува со невидена демографска катастрофа, како никогаш до сега во историјата

11-ти јули е светски ден на населението во календарот на Обединетите нации. Во ситуација во која што светот достигнува 8 милијарди жители, во ситуација во која што се зголемува населението, во ситуација во која што земји кои што до вчера имале 10, 20 милиони жители растат со својата популација. Во оваа ситуација во ова денешно време Македонија се соочува со демографска катастрофа, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Ако треба ова да го сумирам во триесетина секунди, ако ова треба да се каже накратко, тоа би било следното, на светскиот ден на населението на Обединетите нации можеме да констатираме дека Македонија се соочува со невидена демографска катастрофа. Како никогаш до сега во историјата.

Дојдоа податоците за месец април од статистичкиот билтен на Заводот за статистика и податоците се уште полоши, уште позагрижувачки. Податоците зборуваат дека во месец април 2019 оваа година бројот на родени бебиња во однос на минатиот април е паднат за 14,4%. Рецесија од 14,4%.

Дел од вас беа на прес конференцијата пред еден месец кога на исто ова место, во иста оваа сала го коментирав и ги соопштував бројките од првиот квартал. Тогаш ви реков дека имаме историски најлоши бројки во првиот квартал со пад од 13 проценти. Е, сега падот не е фрапантни, невидени 13%, туку падот во април се забрзува и е 14,4%.

Ќе одам сега накратко со неколку бројки. Значи во април минатата 2018-та година биле родени 1.672 бебиња, а во овој април се 1.432. Тоа е пад од 240 бебиња. 240 деца помалку само во еден месец, од април до април. А, да ве потсетам дека 2018-та година беше најлоша демографска година откако има статистика и бројки во Македонија, најлоша во 70 години наназад. Им оставивме 23.002 бебиња, а минатата имавме 21.333. Значи огромен пад и рецесија од 7%. Е, сега на таа рецесија и пад од 7% имаме дополнително 14.4% пад. Што тоа значи? Тоа значи дека Македонија исчезнува, дека Македонија буквално физички умира, дека државата се празни.

Погледнете го бројот на умрени, 2018 година во април според податоците на Заводот за статистика сме имале 1.599 умрени, а сега веќе има 1.644, зголемување од 3%. Уште еднаш се потврдува оваа тажна реалност, овие тажни бројки кои што месеци ги соопштуваме на Зоран Заев и неговите 28 министри, а тоа е дека Македонија се празни и дека Македонија умира.

Уште еднаш намалување на родените за 14,4%, 14,4% помалку бебиња, помалку деца, а број на умрени повеќе 3% плус. Се докажува тезата со бројки аритметички.

Има уште многу, многу индикатори, знам дека некогаш е можеби тешко да се следат толку бројките. Јасно е дека во овие дневни вести и многу настани, и оваа дневна брзина, прилогот кој што може да се состави дали ќе биде 30 секунди или една минута на вестите, толку е времето кое што реално може да се добие. Но човек не може да остане индиферентен на оваа демографска катастрофа која што ни се случува буквално пред очи.

Уште еднаш ако треба сето ова да го сумирам во кратки триесетина секунди за прилозите, ако треба ова некако збиено да го кажам е следново, со жалење можеме да констатираме дека на светскиот ден на населението денес 11-ти јули може да се констатира дека Македонија исчезнува, дека Македонија умира и се празни. Само во месец април година со година споредено имаме 14,4% помалку родени бебиња, рецесија на наталитетот, рецесија во демографијата, рецесија на животот. А, истовремено имаме 3% повеќе умрени. Тоа е едноставно сумарниот резултат на економските политики на Зоран Заев и неговите 28 министри. Тоа се бројките, тоа е реалноста. Никогаш, никогаш, никогаш 70  години наназад во Македонија не било полошо.

Зоран Заев и неговите министри имаат историска одговорност за ова што и се случува на Македонија, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток