пон. Окт 14th, 2019

Скопје1.мк

види, слушни, прочитај

(ВИДЕО) Шилегов ги виде условите каде што ќе живее шимпанзото Коко

Познатото шимпанзо Коко кое 10 години се ресоцијализираше во Холандија  повторно е во својот дом, во скопската Зоолошка градина. Коко во Скопје пристигна вчера со уште три шимпанза – Мими, Роси и Хјасл со кои ќе го дели живеалиштето. На денешната прес-конференција на која присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов, директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски, дел од тимот на AAP Animal Advocasy and Protection, каде што Коко престојуваше изминатата деценија и зоо-негувателите кои го чуваа Коко пред да замине за Холандија, беа соопштени сите детали за шимпанзата – нивните приказни, навики и карактеристики, а беше промовирано и новото живеалиште каде што тие ќе живеат.

 

  • Новото живеалиште за шимпанза ги исполнува сите европски стандарди, што беше и еден од условите за нивното доаѓање во Скопје. Континуирано ја збогатуваме понудата на Зоолошката градина – лани пристигнаа слоновите, а сега работиме на тоа да донесеме фламинга и пингвини. Најдоцна до следната пролет овде ќе биде отворен дино-паркот. Градот Скопје сериозно инвестира во Зоолошката градина, а граѓаните тоа го препознаваат, па посетата во одредени периоди стигнува и до 30.000 посетители. Во изминатиов период преку јавните претпријатија работевме на уредување нови патеки, а за првпат по 15 години го исчистивме големото езеро со цел да создадеме подобри услови за живот на животните, а на граѓаните престојот во Зоолошката да им биде попријатен. Зоолошката градина полека станува заштитен знак на Скопје – рече денеска градоначалникот Шилегов.

Живеалиштето за шимпанзата има голем внатрешен и надворешен дел и е збогатено со голем број реквизити. Коко, Мими, Роси и Хјасл од карантинот денеска беа префрлени во големиот внатрешен објект и се запознаа со својот нов дом.

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Close