Свет

(ВИДЕО) Поради здравјето на Меркел прекршен протокол – таа седеше на интонирање на химни

Германската канцеларка Ангела Меркел и данската премиерка Мете Фредериксен денес седеа за време на интонирањето на химните во Берлин, еден ден после најновиот случај во кој беше забележано како ѝ се тресе телото на Меркел. Денеска настанот помина во најдобар ред.

За последен пат канцеларката Меркел видливо се тресеше вчера за време на приемот и свечената церемонија за премиерот на Финска, по што јавноста во Германија повторно праша – што се случува со здравјето на Ангела Меркел?

Официјалниот одговор е дека Меркел е во добро здравје, а се тресе затоа што таа веќе има 65 години. Некои тресењето го поврзуваат со ментален замор, и оти физички таа нема проблеми.

Најчитани

To Top
Close