Република

Во пресрет,,Пивофест“, директорот на БЈБ Тасевски во посета на Прилеп

Директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работни средби со раководството на Полициската станица Прилеп и со градоначалникот на општина Прилеп Илија Јованоски во пресрет на одржувањето на фестивалот ,,Пивофест“, кој ќе се одржи од 18 до 22 јули.

На средбите беше потенцирано дека безбедносната состојба во општината е стабилна и полициските службеници се подготвени за обезбедување на јавниот ред и мир, особено во текот на фестивалот, за тој да помине во најдобар ред, без оглед на големата бројка на гости што се очекува во Прилеп.

Директорот Тасевски и градоначалникот Јовановски разговараа и за вчерашниот случај кога во кафуле во Прилеп беше пронајдена експлозивна направа. Директорот на БЈБ потенцираше дека станува збор за изолиран случај за кој веќе постојат одредени сознанија и се преземаат сите потребни истражни дејствија за што поскоро решавање на случајот.

Најчитани

To Top
Close