Република

ФОТО: Усеини ќе сече лента, за свечено да ја отвори пицеријата кај Чинарот

Советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, ги пречекува првите гости во новоотворениот објект кај Чинарот. Пред објектот има неколку маси и столици, а внатре, ентериерот е уреден со дрвен плафон, невообичаено осветлување, високи и ниски маси. Пред вратата е поставена и црвена лента, која Усеини ќе ја пресече, кога официјално ќе започне забавата.

Засега нема гласна музика, но се очекува подоцна, на отворањето да дојдат познати лица од јавниот живот во Охрид.

Објектот започна да се гради во март годинава, се наоѓа на земјиште на Република Македонија и е дивоградба.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески во повеќе наврати јавно кажа дека тоа е диворадба и дека објектот ќе се урива.
На церемонијата на свеченото отоврање не се поканети медиумите, а нема информации кој од политичарите и коалиционите партнери на Усеини се поканети на свечениот чин.

Најчитани

To Top
Close