Република

Премиерот на Малта му порача на Рашковски да оди на островот Гозо за да види вистински измамници

Премиерот на Малта, Џозеф Мускат, денеска изјави дека ги отфрла обвинувањата дека Малтежаните се измамници, изнесени во аудио снимката објавена за генералниот секреретар Драги Рашковски, кој, според медиумите што ја објавија, договара тендер за систем за управување со воздушниот сообраќај и патем коментира дека Малта искористила законски дупки за да заштеди пари.

Како што објавија тамошните медиуми, Мускат иронично прокоментирал дека ако Рашковски смета дека Малтежаните се измамници, тогаш, како што рече, очигледно никогаш не се сретнал со жителите на островот Гозо.

Имено, тој рече дека Малтежаните во споредба со жителите на островот Гозо се невини јагниња и му порача на владиниот генсек да изнајми куќа на Гозо и да користи такси од фериботскиот терминал за да види вистински измамници.

Најчитани

To Top
Close