Некатегоризирани

Боки 13 и Кичеец барале рекет за стопирање на „Империја“, случаи кои ги води обвинителството на Јанева

Катица Јанева е обвинителот која ги водела случаите за бизнисменот од кого Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец изнудувале рекет од 8 милиони евра. Сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски, користејќи ја блискоста со јавен обвинител ветувал на познатиот бизнисмен дека ако му плати 8 милиони евра, ќе ја запре истражната постапка која се водела против него. На Јовановски му помагал бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец.

Двајцата се сомничат за дело „Примање награда за противзаконито влијание“. Според информации на „Скопје 1“, станува збор за случајот „Имеприја“, во која првоосомничен е Орце Камчев. Извори брифираат дека наредните денови и шефицата на СЈО, која денес даде оставка, ќе биде повикана на распит во Обвинителството за организиран криминал.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток