Некатегоризирани

Ристовска: Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас

„Сакам да ве уверам во име на сите обвинители и во име на целиот истражителски тим дека  примарен интерес е зачувувањето на интегритетот на СЈО“, истакна на денешната пресс конференција обвинителката од СЈО, Ленче Ристовска.

Ристовска уште додаде дека дека целиот тим на СЈО вклучувајќи ги и оние кои се на одмор, стои зад целата работа која ја завршиле, како и зад тоа дека сите судски постапаки кои се започнати да бидат заврши со пресуди.

Таа појасни дека е тука во нејзино име и во име на СЈО и го почитува начелото на презумција на невиност.

„Нема информации дека специјалната обвинителка е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи”, додаде Ристовска.

Одговарајќи на новинарски прашања, Ристовска кажа дека за оставката на Јанева слушнале истиот ден кога и беше обелодената истата во јавноста, поточно кратко време пред да биде напишана на сајтот на СЈО.

 

 

 

На почеток