Свет

(ФОТО) Колумбиец криел кокаин под перика

Maж од Колумбија e уапсен на меѓународниот аеродром во Барселона, откако во неговата голема перика која ја носел на глава, бил пронајден половина килограм кокаин, соопшти денеска шпанската полиција.

Откако слетал со авионот од Богота, овој Колумбиец го привлекол вниманието на полицијата затоа што бил нервозен, а под шеширот неговата перика едноставно била преголема.  Вредноста на догата се проценува на околу 30 илјади евра.

„Нема граница во инвентивноста на трговците со дрога во настојувањето да ги изиграат царинските контроли“, стои во соопштението на шпанската полиција со приложените фотографии од уапсениот Колумбиец.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток