Македонија

Албански државјани затекнати при нелегална сеча на огревно дрво

На 17.07.2019 во периодот од 02.00 до 08.00 часот на подрачјето на с.Франгово, с. Мали Влај и с. Вишни, струшко, Регионалниот центар за гранични работи Запад спроведе акциска контрола за откривање на сторители при нелегална сеча на огревно дрво. Притоа, полициски службеници откриле и фатиле девет државјани на Република Албанија, од кои дел оствариле илегален влез, а дел легално влегле, но престојувале во Р.С.Македонија спротивно на целта на туристичкиот престој. Од лицата биле одземени моторни пили. По документирање на настанот против лицата ќе бидат преземени соодветни мерки.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток