Македонија

Владата до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од објектите и јавниот простор

Четиринаесет дена е рокот кој им е даден на институциите да приложат листа од објекти, но и јавен простор каде се истакнати симболи поврзани со античката еленска историја, во кои спаѓа сонцето од Вергина. Од Генералниот секретаријат на владата за Телма информираат дека е испратено барање до институциите во рок од 14 дена да направат попис на ваквите објектите, по одлуката на Владата за тоа донесена на почетокот на месецов, пишува Телма.

Инаку владата согласно Договорот од Преспа до 12 август треба да го отстрани Сонцето од Вeргина од споменици, јавни згради, инфраструктура.

„Во рок од шест месеци од влегувањето во сила на Спогодба, Втората страна ќе го преиспита статусот со спомениците, јавните згради и инфраструктурата на нејзината територија и доколку истите на кој било начин упатуваат на античката еленска историја и цивилизација, ќе преземе соодветни корективни дејствија со цел делотворно да го разгледа прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство“, член 8 од Договорот за надинување на спорот за името.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток