Македонија

„За нас не постои замена за членството во ЕУ“, Ковачевски бара Европа да си го исполни ветувањето

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека Македонија ќе се движи кон евроатланските интеграции. Тој смета дека ЕУ треба да ја исполни својата обврска.

„Тоа што вчера го кажа министерот за надворешни работи, не се разликува од тоа што јас го имам кажано. Тоа е дека 17 години РС Македонија е земја со кандидатски статус, која има 45 отсто од законодавството хармонизирано со законодавството со ЕУ. Имаме направено многу работа за преговори со ЕУ. Имаме донесено и тешки одлуки. И затоа ЕУ треба да ја донесе одлуката за сите земји членки, сосе Бугарија за одржување на првата меѓувладина конференција. Се намалува довербата од оние кои даваат поддршка за патот кон ЕУ. Османи тоа и го кажа дека ЕУ треба да се одважи и да го исполни своето ветување и да определи датум за првата меѓувладина конференција“, рече Ковачевски.

„РС Македонија во секој случај ќе се движи кон евроатланските интеграции. Граѓаните имаат јасна ориентација во насока на интеграциите. Да не заборавиме дека оваа владина коалиција направи тешки одлуки и станавме дел од НАТО. За нас не постои замена за членството во ЕУ. Ние сме дел од Европа. Односите со ЕУ и сите земји членки е на високо ниво“, додаде Ковачевски.

На почеток