Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

18 повредени е билансот од сударот меѓу автобус и комби кај Велес, четири патници во тешка состојба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Актуелно

Дваесет и деветгодишниот возач на товарното комби „крафтер фолксваген“ од Скопје загинал на местото на сообраќајната несреќа синоќа кога директно се удрил со патничкиот автобус со кратовски регистратски таблички.   Возачот на автобусот, 37-годишниот М.К. од Куманово, добил тешки телесни повреди. На 18 патници им била укажана лекарска помош во велешката болница, а четворица, покрај тешко повредениот возач, се задржани во болницата. Несреќата се случи околу 19.50 часот на магистралниот пат Велес – Штип пред клучката за Ново Село. 

— реклама —

— реклама —

Тешко повредениот  возач бил приклештен во автобусот од каде што бил извлечен со помош на  екипа пожарникари и по укажаната прва медицинска помош бил пренесен во велешката Општа болница, информираат за МИА од Територијалната противпожарна единица од Велес  кои  ги ваделе повредените патници во автобусот. 

— реклама —

Загинатиот од уништеното товарно комби, кое целосно било сплескано од ударот, пожарникарите го ваделе час и половина, по што телото било предадено за обдукција по наредба на јавен обвинител кој вршеше увид со полицијата.

 Ортопедот  д-р Љупчо Леов од Хирушкото одделение во велешката болница доцна синоќа информираше за медиумите дека на тешко повредениот возач на автобусот му е направена компјутерска   томографија и   се очекуваат резултатите од снимките.

– Останатите 18 повредени од автобусот се здобиле со полесни телесни повреди – исченици и рани  по лицето и телото  и веднаш беа  медицински третирани  и  зашиени, а некои имаа   и полесни нагмечувања по телото и екстремитетите. Тие  по укажаната лекарска помош беа испратени на домашно лекување, а само четворица од нив ги задржавме во болницата на посматрање, појасни др Леов.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања