Денеска Општина Кисела Вода во урбаната заедница Расадник засади повеќе украсни и зимзелени садници.
Од почетокот на акцијата за садење дрва, која започна минатиот месец, Општината благодарение на донацијата од општествено одговорната компанија „Цементарница Усје“ досега на неколку локации засади вкупно 150 зимзелени, листопадни и украсни садници.
Дрва беа засадени и во паркот „Шопен“, по должината на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги и на улицата „Сердарот“, во селото Драчево.