Република Македонија вчера во Дебар со целосното понижување од страна на албанскиот преседател Илир Мета престана да биде држава, се вели во соопштението од Единствене Македонија. Тие во истото додаваат:
Албанскиот претседател не фермајќи ги македонските државни органи и надвор од сите државнички протоколи си влезе во Дебар каде во друштво на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, Талат Џафери и Али Ахмети среде Дебар во македонски град „летаа орли„ и вееја албански знамиња, а од власта во Скопје целосен молк.
За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ.
Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува пријави против Македонци за се и сешто а вчера во Дебар каде е повреден суверенитетот на државата, нема реакција. Со ова, власта во Скопје го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање на големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија. Оваа во основа антидржавна и антимакедонска катастрофа , законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане. Одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.