Денес, кога вест на денот е дека Република Србија ги донирала првите вакцини за Република Северна Македонија и кога е крената на нозе целата српска држава, а секако и нашата, за примопредавање на една мала кутија вакцини, кои не се доволни ни за кабинетот на Заев и на неговиот партнер, Ахмети, поважно од количеството на вакцините е симболиката на донаторот, се вели во соопштението од Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива.
Во продолжение на соопштението од коалицијата додваат:
Доаѓањето на српскиот претседател, Вучиќ, и медиумската прашина што се кревал во Табановце, дава порака дека „вашиот голем брат не ве остава сами“. И, тоа не е проблем за Заев, бидејќи тој и така води една партија која е наследничка на југославизмот, но индикативно е што, од една страна, за пречекот на Вучиќ се погрижил и заменик-премиерот Артан Груби, но и премолчувањето на овој настан од партијата што само пред неколку месеци ќе претрпеше срцев удар од удирање по градите со „времето за прв премиер Албанец“. Дали пречекот на Груби и премолчувањето на ДУИ значи согласност на братство-единството Заев-Вучиќ и дали е ова израз на рана љубов, како таа на актуелниот министер за Финансии со воените старешини на Србија?
За коалицијата Алијанса за Албанците & Алтернатива целта на Вучиќ за улога на патрон на Балканот е јасна, но ова – освен што докажува дека владата ги оставила граѓаните без вакцини – истовремено докажува за отсуството на моќ на оваа влада за градење на западно партнерство во интеграционите и здравствените политики.
Како и да е, ние му порачуваме на оваа влада, дека тие може да го сонуваат Вучиќ, дури Фатмир Бесими може да продолжи да се гледа со српските генерали кои вршеле злосторства во Косово, но да знаете дека Албанците во Северна Македонија не се подготвени за прифаќање на една нова Југославија. Ако вие мислите дека со вакцини може да ги придобиете срцата на граѓаните Албанци, не заборавајте дека сте ја продавале многу евтино вашата душа и сте ја загрозиле европската иднина на оваа земја.
Притоа уште еднаш потенцираме дека Албанците во Северна Македонија се определени за целосна интеграција во ЕУ и не се подготвени за никаков компромис со тој стремеж, велат од Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива.
фото: Коалиција Алијанса за Албанците & Алтернатива