Центарските улици, во надлежност на Општина Центар, денеска беа прекриени со снег, заледени и непроодни. Непипнати. Возилата останаа заглавени во снег, тротоарите неисчистени, а граѓаните гневни на локалната власт која им наплаќа највисоки давачки за паркинг и даноци, пишува новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
Ивановска додава:
На Богдановиќ, му беше поважно цел ден да го посвети на споредни нешта кое не се во негов домен – на една минута да се поздрави со српскиот претседател, Александар Вучиќ на граничен премин ,,Табановце”, иако при примопредавањето на вакцините меѓу Србија и Македонија, нашата држава беше претставена од највисокиот врв, а не од шести ешалони. Останува нејасно што бараше тој денеска на ,,Табановце”, во која улога бил дел од високата делегација, а притоа не е дел од извршната власт.