Актуелно

Национален Блок „Не отворам врата“: Скандал, податоците од пописот првин одат во Софија а после во Скопје – не се попишувајте

Националниот Блок „Не отворам врата“ македонскиот народ и државјаните на Република Македонија изразуваат силна шокираност од најновата информација дека бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство, се вели во соопштението од Националниот Блок „Не отворам врата“.

Тие во истото додаваат:

Ова е само по себе скандал бидејќи податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје. Ова е недозволиво и неприфатливо за суверена и самостојна Република Макеоднија а дотолку повеќе што со ова се загрозуваат и безбедносните интереси на државата.

Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.

Затоа Национачниот Блок „Не отворам врата“ ги повикува нашинците во странство да не се попишуваат, а овој скандал е уште една потврда да не се излегува на пописот.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението, велат од Националниот Блок „Не отворам врата“.

фото: Архива

На почеток