Македонија

Четири години од упадот во Собранието и крвавите инциденти

Четири години од упадот во Собранието и крвавите инциденти. Осудените насилници станаа уставобранители и добија намалени затворски казни од Апелација. Во исто време, судот им ги одби тужбите на повредените новинари оценувајќи дека не се новинари, ниту убиени. И натаму нема пресуда за лицата кои се гонат како организатори на крвавиот упад, а процесот трае.

Четворица осомничени и обвинети се во бегство, меѓу кои и Никола Груевски. Тој пред да избега го осудуваше насилството и повикуваше насилниците да одговараат.

Заев како сведок го посочи Груевски како организатор, но не и останатите обвинети.

„Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељаноски и другите тука. Според мои сознанија, овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски, рече Заев.

На протести се бараше слобода и за осудените насилници кои заедно треба да одлежат 188 години затвор.

„Патриотите не се терористи, тие се родољуби“, рече актерката Арна Шијак на протестот за слобода на осудениците за „27 април“.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, насилниците се неправедно осудени.

„Народот денеска е излезен во поддршка на луѓето кои што го бранеа Уставот“, порача Мицкоски од протестот.

фото: Архива

На почеток