Медиасет

14 годишна тинејџерка сама пловела со едрилица околу Британија

14 годишна тинејџерка од Девон успешно го завршила пловењето со едрилица околу Велика Британија и се надева дека сега е официјално најмладата личност која го остварила тоа. Тргнала кон крајот на јуни од Ексмаут со дрвената едрилица Фаланда, долга осум метри. Се вратила на 21 август, а многубројни поддржувачи ја пречекале на целта.

Таа собрала илјадници фунти во добротворни цели за време на патот кој бил долг 1.600 наутички милји или 3.000 километри, пренесува Би Би Си. И покрај тоа што нејзиниот татко бил покрај неа поради безбедносни причини, сепак, таа цело време сама управувала со едрилицата.

Ја подигнала свеста за загадувањето на морето и собирала пари за две добротворни организации, вклучувајќи ја и Sea Shepherd од Британија. Имала цел да собере 6.000 фунти, а таа успеала да собере повеќе од 10.000 фунти.

Досегашната најмлада личност која самостојно пловела околу Британија е Тимоти Лонг, кој минатата година ја обиколи Британија на само 15 години.

 

Извор: Точка

На почеток