Актуелно

Страшно: Малолетници нападнале девојка и физички ја тепале во Скопје

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера се приведени двајца малолетници и со нив е извршен службен разговор затоа што со уште еден малолетник на 04.09.2021 во куќа во Шуто Оризари противправно лишиле од слобода малолетничка и физички ја нападнале.

„Малолетничката е предадена на родителот, а во координација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, велат од МВР.

На почеток