Скопје

Шилегов ќе победуваше во прв круг, а сега, очекува поддршка од Бени Шаќири во втор

Откако прво кажа дека ќе победи во прв круг, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, сега вели дека во втор круг ќе ги добие гласовите односно поддршката на Бени Шаќири кандидат на ЛДП и ДОМ. Практично, Шилегов очекува и втор круг избори во главниот град.

„Јас и Бени сме другари, сигурно ќе ме поддржи во втор круг, рече денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов, коментирајќи ја одлуката на партиите ДОМ и ЛДП да го кандидираат рокерот Бени Шаќири за градоналалник на Град Скопје.

Претходно, на крајот на август, Шилегов рече дека е убеден дека ќе победи во прв круг.

„Впричем, јас сум убеден во победата уште во првиот круг. Ќе кажат граѓаните на 17 октомри. Мислам дека е во заблуда – рече градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешниот настан за почеток на изградба на клучка на булеварот „Словенија“ и Качанички пат, прашан за коментар на изјавите на Георгиевски.

Ова го искоментира и новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која е критикар на Шилегов.

„Ајдеее, тапанарија работава……до завчера Петросаурус ќе победуваше во прв круг, удави начисто со тоа, а сега веќе очекувал поддршка од Бени за втор круг⁉️ И сеа до кај е работава…во прв или во втор круг ќе тепаш? Иде Дунааав, Петроооо…“, напиша Јоци.

На почеток