Спорт

Синоќа ненадејно почина Јулија Николиќ ракометарка на Кометал Ѓорче Петров и Вардар

На 38-годишна возраст почина поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. Петров, Јулија Николиќ, екс Портјанко.

Таа дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров, а од 2009 година почна да ги брани боите и на македонската репрезентација.

Во Кометал Ѓ. Петров помина шест години, а потоа замина во Ускудар. Во 2013 година дојде во ЖРК.Вардар, а кариерата ја заврши во 2015 година.

На почеток