Македонија

Филипче не се откажува од мерките, а Владата на чекор да ги усвои иако низ цел свет е хаос од протести за вакви рестрикции

Минатата недела министерот за здравство Венко Филипче по состанокот на Комисијата за заразни болести информираше дека се донесени нови предлог-мерки и истите се очекува утре да бидат разгледани на Главниот координативен штаб, по што за нив ќе треба да расправа и Владата.

Новите предлог мерки предвидуваат сите вработени во јавниот сектор, во локалната самоуправа, во сите институции, за одење на работно место да прикажат потврда за најмалку една примена вакцина или да имаат негативен ПЦР тест кој ќе важи најмалку 72 часа, а ќе биде направен на сопствен трошок, или ќе имаат потврда за прележан коронавирус не постар од 45 дена, или потврда од лекар специјалист дека вакцината не можат да ја примат.

Според синдикатите на работниците не им е оставен избор, односно дека таквата мерка ќе значи задолжителна вакцинација имајќи предвид дека никој нема да може финансиски да издржи постојано плаќање за ПЦР тест. Според нивната пресметка, на едно лице кое одбива да се вакцинира ќе му бидат потребни околу 20 илјади денари во текот на месецот за ПЦР-тестирања, што е повеќе од минималната плата во земјава.

Филипче контра нив, во едно интервју во текот на минатата недела изјави дека не станува збор за принудна вакцинација.

„Не станува збор за никаква принудна вакцинација како што се обидуваат да ја прикажат. Граѓаните имаат избор да се вакцинираат бесплатно или да приложуваат доказ односно негативен тест, што ќе го платат сами. Јавните институции мора да бидат пример за почитување на препораките на здравствените власти, исто како и здравствените работници кои мора да бидат целосно вакцинирани. Граѓаните кои од медицински причини не смеат да бидат вакцинирани секако нема да бидат присилени на тоа. Така што апсолутно нема присила, напротив има одговорно постапување од страна на Владата Ќе има доволно ПЦР тестови за да се тестираат вработените во јавната администрација кои нема да сакаат да се вакцинираат“, вели тој.

Овие мерки треба да стапат на сила 10 дена по нивното усвојување, а Министерството за здравство препорачува да ги применуваат и приватните компании.

Исти или слични вакви мерки беа донесени и во неколку земји низ светот што предизвика бројни простести.

Протестите пред два дена во Холандија екскалираа, кога демонстрантите се судрија со полицијата, а десетици беа уапсени. Доцна синоќа во неколку холандски градови избија нови судири во кои петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.

На почеток