Коментари

Штом министри од ДУИ се судриле, тогаш немало ниту сообраќајка, посочи Апасиев

Вечерва пред Владата се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа и министрите од ДУИ, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши.

По сообраќајката на социјалните мрежи свој коментар даде лидерот на Левица, Димитар Апасиев

„Двајца министри од ДУИ учествувале во сообраќајна незгода пред Влада.
Значи, да повториме: сообраќајна незгода пред Влада не се десила!
#ПравенПаралелизам“, напиша Апасиев.

На почеток