Ѓукановиќ: Без ДПС нема да може
Претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Мило Ѓукановиќ изјави дека новата влада нема да може да донесе никаква одлука без таа партија.
„Добрата вест е што клеронационалистичката влада ја изгуби довербата. Која и да е новата влада, важни фактори ќе бидат партиите и без нас не може да се донесе одлука“, рече лидерот на Демократската партија на социјалистите Ѓукановиќ, пренесува портал Аналитика.
Тој додаде дека е сигурен оти новата влада „нема да трае подолго од една година“.
„Ќе дојдеме до моментот кога ДПС и нејзините партнери ќе бидат центарот на црногорската политика“, додаде Ѓукановиќ.
Примерот со Црна Гора, тврди тој, покажал дека промената на власта не мора да биде добра.