Скопје

„Полицијата нека ги најде оние кои скандирале против Албанците“, вели Јавното обвинителство

Од МВР не одговорија на прашањето на Алсат дали Бирото за јавна безбедност почнало да ги идентификува оние кои извикуваа антиалбански пораки што се гледа на видеата кои се споделуваа на социјалните мрежи

Јавното обвинителство вели дека е во надлежност на МВР е да ги идентификува и евентуално да ги процесуира пријавите против оние кои на синоќешниот собир во центарот на Скопје по победата на македонските фудбалери во Италија извикуваа антиалбански пораки што може да се види на видеата кои се споделуваа на социјалните мрежи.

„Прашањето за кое покажувате интерес е во надлежност на МВР. Додека МВР ги идентификува сторителите на евентуално кривично дело и донесе дела по кои Јавното обвинителство оцени дека има елементи на кривично дело, ќе започнеме со активности согласно законот за нивно кривично гонење”, изјавуваат од  Јавно обвинителство за Алсат.

На почеток