Јапонија го замрзна имотот на ќерките на Путин
Од
Објавено на
Јапонија денеска воведе нов пакет санкции кон Русија. Ги замрзна имотите на 398 руски државјани, меѓу кои и двете возрасни ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, Катерина Тиконова и Марија Воронцова, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.
Цел на новиот пакет санкции се и членовите на семејството на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, односно неговата сопруга Марија Лавров и ќерката Екатерина Винокурова, се наведува во соопштението.
Претходно Јапонија го забрани увозот на руски јаглен и вотка, ги намали новите инвестиции во Русија и ги замрзна средствата во сопственост на големи руски банки.