ДУИ купи нов партиски имот, подигнат кредит од 900.000 евра
Владејачката ДУИ купила нов партискиот недвижен имот – веќе изградена деловно-административна зграда лоцирана во центарот на Тетово, во кругот на „Телеком“, пишува најновиот број на неделникот Фокус.
Станува збор за објект со приземје и 3 ката, чиј габарит изнесува 452 квадратни метри, а внатрешната површина 1.423 квадратни метри, а земјиштето се уште се води во сопственост на државата.
Бејтула Адеми, прв човек на финансискиот оддел на ДУИ, изјавил дека партијата подигнала банкарски кредит од околу 900.000 евра, со период на враќање од 7 години.
Една од најуспешните градежни компании во Македонија, АК-Инвест, била една од претходните сопственици на зградата.