Актуелно

Апасиев „распука“ по Алтернатива: Имаат директор на Идризово каде најдоа дрога и оружје, па они биле за ЕУ, а Левица проруска?

Лидерот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи вели дека партија со тројца пратеници во Собрание држи три минисерства и десетици директори, меѓу кои и КПД Идризово каде вчера беа најдени дрога и оружје.

„Алтернатива на Гаши воспостави прекрасна пракса во социјалдемократското слугување на бализмот = “колку пратеници, толку министри”! Замислете, партија со тројца пратеници во Собрание, држи три министерства во Влада и десетици директори, меѓу кои и на КПД Идризово, каде вчера најдоа дрога и оружје. И овие биле за ЕУ, ама Левица била проруска!?“, вели Апасиев.

На почеток