Македонија

Мицкоски: Ако Ковачевски не прави гафови, народот ќе мислеше дека Заев е уште премиер

Преку протестот, премиерот Димитар Ковачевски доби порака од Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека го разбира бидејќи бил како што кажа помеѓу чеканот и наковалната бидејќи коалициониот партнер го уценувал и неговиот ментор го терал да го прифати. Мицкоски по ова објаснување, побара да го отфрли предлогот и кажа дека тој заедно со народот ќе застане зад него.

За Бугарија, посочи: „Ниту јас ниту ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати понижувачки договор на штета на нашите национални интереси. Ако Владата реши да го носи надвор од Собранието или на сила во Собранието, тогаш идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да почитува ниту една точка од овој договор. Порака до Софија, наместо вие да не поддржувате вие не блокирате и оддалечувате како народи. Наместо да не поддржувате вие не сопирате. Тоа ли се добрососедски односи? Место да дојдете да седнете, клекнете и извините за злосторствата направени на овој народ по втората светска војна, вие сакате да ја ретуширате историјата! Тоа не се европски вредности и нема никаква врска со тоа!“.

„Цели пет години чекаме датум за преговори со ЕУ кој никако да дојде, а беше главното ветување за СДСМ. Нѐ понижија, засрамија, предадоа и се уште сме заглавени во чекалницата на ЕУ. 22 години чекаме. Некои држави тогаш не ни зборуваа за ЕУ, а денеска преговараат или се веќе членки на таа ЕУ. Овој народ и Македонија дадоа многу, а не добија ништо поради погрешната политичка стратегија. Им се одзема иднината на тие генерации млади луѓе кои денеска се тука пред нас и како продолжение на таа политичка агресија која се врши врз Македонија, пристигна последниот предлог кој е актуелен овие 2-3 дена. Тој предлог за кој овие од владата се прават дека не го виделе и слушнале, а тие го договарале. Да бидеме на чисто, тоа е ништо друго, освен капитулација без одлагање. Што би се рекло: Бугаризација на Македонија на рати или дипломатски нокаут“, кажа Мицкоски.

Тој рече: „Во предлогот нема датум за почеток на преговори, туку услов ако сакате да почнете отворете го Уставот и исполнете ги барањата на Софија. Тоа е првото. Второ: нѐ лажеа дека не преговараат за јазикот и идентитетот. А денеска, оние платени владени пера, преку мали колумнички нѐ убедуваат дека го заштитиле јазикот. Трето: тоа што до вчера беше наш проблем со Софија, со овој предлог, станува проблем со Брисел и ЕУ. Или да бидам попрецизен, асимилација, бугаризација па потоа европизација. Постојано неразумни притисоци“.

Тој за смеењето на Ковачевски кога Рама го претстави како премер на идната западна Бугарија, рече: „Си велам, доброто е што барем го препознаа кој е и како се вика, бидејќи во државава е непрепознатлив, што ако не се овие гафови, народот ќе мисли уште Заев е премиер. Што за волја на вистината и така е.. Тој требаше да му каже на Рама: Не разбирате географија, ниту историја. Ова е мојата Македонија“.

На почеток