„ДУИ паничат секогаш кога им е загрозена власта или нивните планови не одат до крај“, велат од Алијанса за Албанците
Алијанса за Албанците денеска на прес конференција по скандалозниот инцидент во Собранието посочи дека се потврдило на дело дека слабата точка на криминализираната власт беше и се уште е судската власт!
„Криминалот, корупцијата, уличарството и нивните сценарија се манифестираа со вандалски и насилнички акти каде со или без намера беше погоден и пратеникот на Алијанса за Албанците, Елми Азири. Цело ова срамно сценарио започна со обидот за продолжување на мандатот на партиските судии и обвинителите од власта, преку шверцување на законот. Откако се спротивставивме, претседавачот Арбр Адеми лично го навреди Пратеникот Халил Снопче кој јавно го повика да се извини, но, такво нешто не се случи. Пратеникот Снопче потоа повторно побара процедурална интервенција што беше одбиено и се обиде да го изгласа дневниот ред. Во знак на револт, ние пратениците на Алијанса за Албанците дојдовме на говорницата да го одбраниме нашето право на дискусија и да го спречиме шверцувањето на законот. Потоа следеше срамот кој го виде целата јавност, насилство и вандализам на координаторот на ДУИ. Ги повикуваме граѓаните да не паднат на вакви сценарија и валкани игри на ДУИ, кои паничат секогаш кога им е загрозена власта или нивните планови не одат до крај“, велат од Алијанса за Албанците.