(ВИДЕО) Адеми заврши со расечена рака по инцидентот во Собрание
Тогаш, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја опколија говорницата и местото на Адеми и прво Дафина Николовска, а потоа и Антонијо Милошоски, веројатно во обид да го исклучат микрофонот на претседавачот, стискаа копчиња и го влечеа кабелот. Адеми потоа стана и неколкупати го удри пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ по раката, што е веројатно моментот во кој пратеникот од ДУИ ја расекол својата рака, како што беше објавено.
Претседателот на комисијата потоа ја подигна шолјата за кафе која беше пред него и ја фрли кон опозициските пратеници. По ова, тој фрли и други предмети, а со шише за вода го погоди Милошоски, кој во еден момент му вели: „Удри, ајде удри!“.
Според објавеното видео, најверојатно во моментот кога пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и Дафина Стојаноска, се обидоа да му го земат микрофонот, Адеми со предмет од пултот ја расекол е неговата рака.
„Наместо да ја расцепи дипломата, тој си ја расцепи раката.
И сега, микрофонот ли ќе е виновен или јас и Антонијо?!?
Во меѓувреме, свикаа продолжение на седницата…“, вели Дафина Стојаноска