Свет

Украина: Се зголемува бројот на загинати од гранатирањето на зграда во Одеса, загинаа и две деца

Бројот на загинатите од руските проектили кои рано утринава погодија деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса се искачи на 18, додека десетици граѓани се ранети, соопштија украинските власти.

Еден проектил погодил зграда во градот Билхород-Днистровски, а предизвикал и пожар во продавница до зградата, се наведува во соопштението на украинското Министерство за вонредни ситуации.

Две деца се меѓу 18-те лица кои загинаа во ракетниот напад врз Одеса, објави регионалниот гувернер Максим Марченко.

„Уште 8 лица побарале медицинска помош. 8 лица се спасени од урнатините, меѓу кои и 3 деца. Спасувачката работа продолжува“, пишува Марченко.

Портпаролот на регионалната администрација Серхи Брачук за украинската државна телевизија изјави дека е во тек спасувачка операција бидејќи некои луѓе се затрупани под урнатините на зградата. Друг проектил го погоди одморалиштето, рече Брачук, при што загинаа најмалку три лица, меѓу кои и едно дете, а уште едно беше рането.

На почеток