Свет

Асен Василев е кандидатот за премиер на Бугарија

Поранешниот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев ќе биде кандидат за премиер на „Продолжуваме со промената“.

Оваа информација за „24 часа“ ја потврдија извори од партијата.

Името на новиот кандидат за премиер за неколку минути треба да го соопшти Кирил Петков преку видео порака.

Првичната верзија вклучуваше целосна реконструкција – Василев доаѓа на премиерското место, а Кирил Петков ќе стане вицепремиер и министер за финансии. Сепак, вториот дел од министерската екипа сè уште не е целосно сигурен.

Сепак, ПП продолжува да тврди дека освен со досегашните партнери од БСП и ДБ, за поддршка ќе преговараат само со независни пратеници.

На почеток