Македонија

(ВИДЕО) Сочуван е македонскиот јазик и идентитет, тврди Ковачевски и не кажа дали коалициските партнери се задоволни

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека со францускиот предлог се прифаќа македонскиот јазик и сочуван е македонскиот идентитет. Тој тврди дека процесот за конечна одлука ќе биде транспарентен.

„Разговаравме со факти и детали, но имајќи ја во предвид стратешката цел, членството во ЕУ. Позицијата во која денеска се наоѓаме е далеку поповолна. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки. Со средбата го отпочнавме консултативниот процес, ќе продолжиме со претседателот на државата. Ќе дебатираме со Собранието, опозицијата, јавноста. Предлогот е солидна основа за градење на сериозен, државнички став, за можноста за нашата држава. Сите лажни тврдења, во сите форми, потоноаа. Го штитевме идентитетот и македонскиот интерес“, кажа Ковачевски.

Според него, ова ќе биде одлука за иднината на Македонија. За реакциите од коалициските партнери, Ковачевкси рече: „Дискусијата на состанокот беше конструктивна. На состаонокт во детали беше информираа за процесот и предлогот. За се што го имавме пред нас да го заштитиме и обврска да обезбедиме иднина за државата. Сите претседатели на партии го кажаа својот став, сите имаа државнички став за ова прашање.

На почеток