Франција стана најголемиот купувач на руски природен гас
Од
Објавено на
Франција стана најголемиот купувач на руски течен природен гас, покажуваат податоците на финскиот центар за анализа „CREA“.
Германскиот магазин „Ди Велт“ пишува дека причина за тоа се проблемите кои Франција ги има во енергетскиот сектор, пренесува Капитал.
Од технички причини, работата во голем број нуклеарни централи беше прекината, што доведе до намалување на производството на електрична енергија.
Весникот потсетува дека Франција не добива руски гас преку гасоводот од средината на јуни.
Франција, за разлика од Германија, има четири терминали кои веднаш можат да примаат руски течен природен гас.