Актуелно

Русите спречија киднапирање на борбен авион

Руската Федерална служба за безбедност денеска соопшти дека спречила операција на украинските разузнавачки агенти под надзор на земјите од НАТО, јавуваат локалните медиуми.

Како што пренесува „Спутник“, станува збор за обид за киднапирање на авион на руските воздушни сили.

„Руската Федерална служба за безбедност откри и запре операција на украинската разузнавачка служба под Министерството за одбрана на таа земја за киднапирање на борбен авион на руските сили, под надзор на специјалните служби на НАТО“, соопшти ФСБ.

Според соопштението, украинските разузнавачи се обиделе да регрутираат руски воени пилоти во замена за пари и гаранција дека ќе добијат државјанство на една од земјите-членки на Европската унија. Во соопштението се наведува дека украинските офицери се обиделе да ги убедат пилотите да го приземјат авионот на еден од аеродромите под контрола на воените сили на официјален Киев.

На почеток