Коментари

Цело Скопје знае дека дечкото на Мони бара прошка преку билборд, на социјалните мрежи хаос: Moже ќе ти простеше, ама фонтот не се простува

Денес беше поставена фотографија која наводно е од центарот на Скопје, со билборд кој веднаш го привлече вниманието на граѓаните. На билбордот со огромни црвени букви стои натпис „Извини Мони“. Автентичноста не е потврдена. За сега не се знае дали и кој го поставил билбордот, но најверојатно станува збор за некој чие име почнува на Д.

Фотографии од билбордот се споделуваат на социјалните мрежи, а мислењата на граѓаните се поделени. Некои од нив мислат дека Мони нема да му се смири поради лошиот фонт, а за дел од нив ова е романтичен гест, па штом е на билборд, Мони треба да го прифати извинувањето.

Во продолжени прочитајте дел од коментарите

На почеток