Актуелно

(ВИДЕО) Поплавен подвозникот во Кисела Вода

Поројниот дожд во Скопје повторно предизвика насобирање големи количества вода на некои улици во Скопје.

Критично место и овој пат беше подвозникот во Кисела Вода, кој води од населбата Црниче кон Центар. Тој е непрооден од двете страни.

Автомобил со голема брзина се обиде да го помине големиот „вир“, но откако изгаси, се предомисли и се врати назад.

Корисник на Твитер објави видео кое е снимено од Водно.

„На Паркинг Водно бев, над Стајковци кон СЦГ беше водена бомба“, вели тој.

На почеток