Актуелно

(ВИДЕО) Третина од Пакистан под вода

Третина од Пакистан е под вода како резултат на поплавите предизвикани од рекордните монсунски дождови, изјави министерката за климатски промени на јужноазиската земја Шери Реман.

„Сето тоа е еден голем океан, нема суво копно за испумпување на водата. Она што сега се случува во Пакистан е многу далеку од нормален монсун. Поплавите создадоа криза од „незамисливи размери“ во земјата, додаде таа.

Бројот на загинати од средината на јуни од монсунските дождови достигна 1.061 до понеделник, според Националната агенција за управување со катастрофи.

Повеќе од 3.000 патишта се уништени, а 130 мостови и 495.000 домови се оштетени од поројните поплави, соопшти агенцијата.

Реман минатата недела процени дека катастрофата погодила околу 33 милиони луѓе во земјата.

Исто така отворен е вентил за итни случаи во браната Тарбела.

На почеток