Свет

(ВИДЕО) Поплави во Бугарија, неколку села целосно отсечени, на помош доаѓаат алпинисти

Големи поплави предизвикани од силниот дожд ја погодија Бугарија

Седум села во централна Бугарија, кои од вчера се борат со големите поплави предизвикани од обилните врнежи, прогласија делумна вонредна состојба.

На видеата се гледаат последиците од пороите кои понесоа автомобили и се пред себе.

Според властите, нема жртви или повредени.

Тешка е состојбата во селата Каравелово и Богдан, каде што е изграден привремен мост за да може да се доставува вода и храна до отсечените места.

На тие места синоќа со чамци и разни планинарски техники биле спасени 36 лица.

На планината каде што извира реката Стјам наврна најголемо количество дожд – рекордни 191 литар на метар квадратен.

Претседателот Румен Радев го посети подрачјето погодено од поплавите.

Најважно е да се погрижиме да нема луѓе кои се во опасност“, посочи Радев.

На почеток