Oстатоци од соборена ракета паднаа во железничка зона во Русија, сообраќајот во прекин


Гувернерот на Белгородската област Вјачеслав Гладков денеска соопшти дека е прекинат сообраќајот на возови во областа Новоскол.
Сообраќајот беше прекинат откако остатоците од соборената ракета паднаа во железничката зона кај градот Нови Оскол.
„Утринава нашата противвоздушна одбрана собори ракети во областа Новооскол. Урнатините паднаа во зоната на пругата. Оштетени се електричните линии“, напиша Гладков во објавата на социјалната мрежа Телеграм.
Тој додаде дека сообраќајот е привремено во прекин и дека се чекаат екипите на итната помош да пристигнат на местото на настанот.
Сигурен сум дека многу брзо ќе ја средат ситуацијата и сообраќајот ќе биде обновен. Ќе ве информирам. Што е најважно, нема жртви“, се вели во соопштението на Гладков.
Нови Аскол е мал град со околу 18.000 жители и се наоѓа на околу 90 километри северно од границата со Украина.
