Коментар на денот: Имаме политичарчиња и политиканти што се дојдени да изиграат епизодна улога и да лапнат што може да се лапне


Новинарката Милка Смилевска вели дека имаме голем број на политичарчиња и политиканти што се дојдени да изиграат епизодна улога и во петте минути лапнат што може да се лапне, а тоа е една од причините што граѓаните си заминуваат од дома.
„Дефетизам – Чувство на истрошеност, исцрпеност, малодушност, неверување во успехот на некоја акција.
Имаме политичарчиња и политиканти што на македонската нација со години и праќаат дефетистички пораки, многу его и незнаење и немање визија, дојдени да изиграат епизодна улога и во петте минути лапнат што може да се лапне. Со настап и политичка борба мотивирана не од повисока цел, да изградат подобро општество на пример, туку игра на ситно.
Затоа граѓаните си заминуваат од дома, а да си отидеш од родното место треба голема храброст и сила.
Храброст, храброст, храброст, можеме, можеме, можеме, за идните генерации, тоа треба да ве води луѓе што сте ја добиле честа да водите држава или чекате ред да дојдете на власт.
И Бугарија не е најголемиот проблем на Македонија, туку немањето солидарност и градење на дух на заедништво и корумпиран систем до коска, што не поразува секојдневно и ја руши надежта на младите дека имаат перспектива дома.
Лидер-ка ни треба, искрен-а, посветен-а, вреден-на, со капацитет да обедини
Да живее прогресивната, храбра и демократска Македонија“, вели таа.
