Актуелно

Ураганот Никол во близина на брегот на Флорида

Ураганот Никол се очекува да дојде до источниот брег на Флорида во следните неколку часа, со силни ветрови и опасно невреме.

На жителите во најмалку три окрузи на Флорида им беше наредено вчера да ги евакуираат оддалечените острови и ниските области, како и мобилните домови, пренесува АП.

Десетици луѓе беа евакуирани вчера од чувствителни локации на северозападните Бахами додека Никол се приближуваше до островот.

Официјални лица од Бахамите рекоа дека само неколку луѓе се наоѓаат во повеќе од дваесетина активни засолништа, а поплави и прекини на струја биле пријавени во Абако.

На почеток