Скопје

Арсовска откри кога ќе има бесплатен јавен превоз

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска синоќа гостуваше во емисијата „360 степени“ на „Алсат“. Таа вели дека не се откажала од проектот за бесплатен јавен превоз и истиот ќе биде реализиран откако ќе се надмине кризата.

-Тоа што не го знаевме и не можевме да го претпоставиме пред една година е дека ќе се соочиме со ваква тешка енергетска криза. Имаме загубар на кој му беше повлечена голема сума од средствата кои досега дотирани од страна на Владата. Се бориме со кризата, а откако ќе ја надминеме, тогаш ќе се реализира сѐ што беше ветено на граѓаните, кажа Арсовска.

На почеток